Едно е Дејвид Гета за сите на Стадион, друго е Филипче со крадени народни пари на приватна журка со Харис Џиновиќ, веројатно за славење СДС го чека денот на независност на Бугарија

Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид Гета на Стадион, достапен за сите граѓани и Харис Џиновиќ на приватна журка на Филипче и Заев во Дубаи платен со крадени пари од граѓаните е евидентна и огромна.  Срамно е што СДС е и […]

Read more

Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони а кој не, телефонски повик меѓу раководители на институции не е криминал

Обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, јавно сведочеше дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, оделе навечер во тогашните канцеларии на СЈО, и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кој предмет да се работи, кој не, и кој поединец да биде опфатен со одреден предмет, а кој да биде […]

Read more

Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде џелатот на правдата, по насока на Ахмети, Филипче и Заев?

Почитувани, Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази. Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара притвор […]

Read more

Манасиевски: Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти

Почитувани, Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти. Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ. За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и […]

Read more

Заев бришеше „македонски“ од институциите, а уценетиот Филипче е спремен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет, тие не се срамат, туку се горди кога не навредуваат како „северномакедонци“

Срамот одамна не е присутен кај СДС и затоа бесрамно се обидуваат да избришат се македонско, односно тоа што Зоран Заев го започна, како продажба на националните и државни интереси, Венко Филипче секој ден како папагал повторува дека е спремен да го доврши. Воедно бесрамно лажат дека ги заштитиле идентитетот и историјата, а на институциите […]

Read more

Шефот на ЈО ГОКК, Абази, во функција на СДС и ДУИ, за да ги спаси од кривична одговорност нивните кадри го затвори случајот за криминалот тежок 167 милиони евра

Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ. Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна […]

Read more

Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските и не му смета ни навредливата придавка ,,северномакедонци”

Политиката на СДС кон државните интереси е иста со таа на Бугарија. СДС и официјална Софија не се разликуваат во барањата, Венко Филипче исто како и новата бугарска Влада бара итно спроведување на уставните измени и тоа без никакви гаранции дека тие ќе бидат последните.  Дека СДС има исти позиции со Бугарија потврдува и самиот […]

Read more

Ристески: Денес се гледаат последиците од неработењето на СДС за студентите 7 години, ВМРО-ДПМНЕ работи на целосна обнова и подобрување на студентскиот стандард

Почитувани, Им се обраќаме на СДС токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања. Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите […]

Read more

Манасиевски: Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија и дека нема проблем да бидеме „северномакедонци’’

Почитувани, Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија. Пиунот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти кои не нарекуваат „северномакедонци’’. Филипче е главниот лобист на […]

Read more

Милошоски: Ислам Абази го затвори предметот за сомнителната набавка на мазутот, правдата повторно ставена во служба на СДС и ДУИ

Почитувани новинари, Почитувана јавност, Дозволете денес уште еднаш да се осврнам на обвинителскиот скандал со затворање на предметот за осомничени за криминал тежок 167 милиони евра, при што тука имаме и сомнеж за перење на пари и за нанесување штета на животната средина, познат под насловот Мазут. Овој скандалозен случај и одлуката на шефот на […]

Read more

Во едно соопштение СДС со обвинувања за србофилство, во други за бугарофилство, а котињата Филипче и Заев со златни визи од Дубаи

СДС и Венко Филипче во едни соопштенија со обвиненија кон ВМРО-ДПМНЕ за србофилство во други за бугарофилство, а во исто време криминалците и предавници Зоран Заев и Венко Филипче со документи за престој и златни визи од Дубаи. Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев, СДС ја даде под кирија на Румен Радев. Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за […]

Read more

Кадарот на триото Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре постапката против кадри на СДС и ДУИ за криминал во енергетиката вреден 167 милиони евра

Кадрите на СДС и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови. Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Кадарот […]

Read more

Уценетиот Филипче со ист речник како Софија, главен спроведувач на бугарските интереси и послушник на Радев

Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се […]

Read more

Петрушевски: Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник, разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални ставови

Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“. Па нормално дека ќе го потврдат тоа!  Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа. Официјална […]

Read more

Пренџов: Правосудството ја изгуби и последната доверба по прекинот на истрагата за мазутот, не може за ситни случаи да има казни, а за милионски афери молк

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој остро реагираше на одлуката на Ислам Абази да го прекине процесот за судска постапка поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, случај вреден 167 милиони евра. Пренџов оцени дека ваквиот потег дополнително ја намалува […]

Read more

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети испорачува за бандата и криминалците, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Почитувани новинари, Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената […]

Read more

Манасиевски: Филипче директно да одговори со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

/

Почитувани, На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика? Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен но и најгласен […]

Read more

Здравковски: Ограничени се маржите за вештачкото ѓубриво – со конкретни мерки се штити стандардот на земјоделците

„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни“, рече Игор Здравковски, пратеник од […]

Read more

Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Пена му фати устата на Филипче од бранење на бугарските позиции, односно велеше Бугарија не го негира македонскиот идентитет, туку дека тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Секако, стигна брз демант од новоформираната влада на Радев, поточно од министерката за надворешни работи која не окарактеризира како ,,северномакедонци”. За тоа време, од македонската опозиција предводена од војникот […]

Read more

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на министерката за надворешни работи од Бугарија, Македонците се Македонци и ништо друго

/

ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”. Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци […]

Read more

Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт. Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го […]

Read more

Велјановски: Рејтингот на СДС кој вртоглаво паѓа е резултат на нивните погрешни политики спротивни на националните интереси

/

Во денешната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој истакна дека во изминатите скоро две години, актуелниот пратенички состав покажал конзистентност во работењето, истовремено упатувајќи остри критики кон политиките на претходната власт предводена од СДС. „Сметам дека се работи во последните две години, односно поминуваат и се […]

Read more

Муцунски: Денес немав средба со Петрова Чамова, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме пријателска, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина

Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“. Воедно, би сакал да потсетам дека користењето […]

Read more

Бојковска: Реализацијата на капиталните проекти е со раст за разлика од владеењето на СДС и ДУИ кога беше нула

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која истакна дека реализацијата на капиталните проекти од страна на Владата е со раст за разлика од владеењето на СДС и ДУИ, а притоа истите резултирале со 0% реализација. Бојковска се осврна и на однесувањето на ДУИ кога е […]

Read more