СДС целосно скршна од курсот заземен уште од своето формирање. Партијата која некогаш себеси се прикажуваше како државотворна, оттогаш до денес го смени знамето кое државава го доби пред точно 34 години, а денес лицемерно лее солзи за уметничка инсталација каде што се прикажува рефлексија на сонцето.
Како партија, најмалку десетина пати излегоа со погрешно знаме, и тоа не како дел од уметничка инсталација, туку на сопствени партиски прослави.
Филипче и СДС се против прославата за независност и не им се допаѓа што таму ја има Македонија.
Истиот тој талог го смени името на државата и, по испробан рецепт и шема на едни исти ликови, шири дефетизам, тагува за секој успех на Македонија и се радува на секоја потешкотија во државата.
Го избришаа АСНОМ, го донесоа францускиот предлог, ја закочија државата и ја уценуваат иднината на секој еден граѓанин.
Затоа Филипче ја промашува Македонија. Всушност, тој и Заев ја мразат и на нејзин грб сакаат само да печалат.








