11.08.2026

Манасиевски: Талогот од СДС единствено што сака е да и наштети на Македонија, за нив уништувањето е пасија

Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме.

Од СДС директно се против прославата на независноста која сите заедно сме ја создале. Тие се против се што е добро за државата и даваат се од себе, Македонија да не успее. Патем, најдобар доказ за тоа е шарената револуција која уништуваше се пред себе, само за да дојде на власт и да краде.

Последен пример за напад кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од страна на талогот е уметничката инсталација за 35 години независност на Македонија, на која што се прикажува рефлексија на сонцето. Им пречи македонштината, им пречи историјата, им пречи убавината. Им пречи тоа што наши македонски изведувачи, актери и пејачи, ја шират македонската приказна, ги цитираат стиховите на Рацин, на Конески. Им пречи што се пеат стари народни македонски песни. Им пречи тоа што веќе нема поделби. Им пречи што сите се едни до други во оваа македонска приказна.

Ние од нив друго и не очекуваме. Политички лешинари и глодари, таков талог на општеството, 35 години ја уништуваше Македонија. Истиот тој талог, го промени знамето два пати, името два пати, Уставот неколку пати, го избришаа дури и АСНОМ. Ги прифатија сите срамни предавства на штета на Македонија, за тие да си ги полнат своите џебови.

Имаме една порака до тој талог на општеството.

Тоа време заврши. Македонија конечно е горда, исправена и достоинствена. Не коленичи и не се потчинува пред секој оној што ќе го побара тоа од неа. Македонија се возобновува од децениската негрижа на талогот и предавниците.

Македонија ќе успее заедно со граѓаните. Затоа што силно светнал ден!

П.С. Фотографијата на објавата е од логото на 35 години независност на Република Македонија, насловен „Силно светнал ден’’.

 

Линк од фб објава: 

https://www.facebook.com/share/188nXSozst/?mibextid=wwXIfr