Нашиот одговор мора да биде единство, надеж, работа и верба!
Кога водилка ти е ширење омраза, поделеност и дефетизам меѓу народот, тогаш целта е да се избрише вербата во системот, вербата во луѓето, вербата во Македонија и најопасно од сè, вербата во самите себе.
Бришењето на надежта не е случајност, тоа е проект кој со години се турка преку поделби, страв, разочарување и постојано убедување дека ништо не може да се промени, затоа опструираат, лажат, манипулираат и не распродаваа за грст златници, а кога имаа можност е тогаш “просјачевме вакцини, медицинска опрема, зејтин, брашно, бевме казнувани за крадење струја”… коленичевме како држава, а тие практикуваа власт.
А народ без надеж е народ без сила и тоа им одговара при реализација на “проектот”.
Затоа не смееме да дозволиме да нè поделат, да нè обесхрабрат и да нè убедат дека сме немоќни!
Македонија има народ со волја, има луѓе со достоинство и има иднина за која вреди да се бориме!
Нашиот одговор мора да биде единство, надеж, работа и верба, за секое наше маало и улица, за секоја наша општина, за нашата иднина, за нашата Македонија.








