19.07.2025

СДС да престане да манипулира, Владата веќе ги зголеми пензиите за 5000 денари за една година, како што вети, премиерот најави ново линеарно зголемување од 2000 денари

СДС ја измами секоја категорија на граѓани во државата.

Сега преку вакви прес-конференции повторно се обидува да манипулира со фактите.

Кога станува збор за пензионерите, СДС ги занемаруваше оние со најниски пензии.

ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми пензиите на пензионерите за  за 5.000 денари линеарно и ова важи за сите пензионери, во една година.

Во моментов Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на анализа за да ги зголеми повторно пензиите, оваа есен по 1000 денари, а и 1000 денари дополнително на пролет. Тоа се уште 2000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредниот период. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски и ќе биде реализирано веќе за следното есенско покачување на пензиите.

Пензионерите ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се потврдува и со чекорот што Партијата на пензионерите го напушти Филипче, и премина на страната на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е и повеќе од јасно дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува своите ветувања.