Ако логиката на Шукова ,,Скопје заслужува да дише“ е како таа на Заев ,,ајро ајро“ што ја викаше на партиски митинг во Аеродром, тогаш подобро да ги поштеди граѓаните и да не им го троши времето со изјави за кои сите знаат дека се невистинити.
Со своите амбициозни планови да го обновува јавниот превоз, па да ги решава проблемите со урбанистичкиот хаос, или Скопје заслужува да дише останува да ја прашаме:
Каде беше кога имаше можност и беше во позиција да влијае на овие области?
Каде беше кога беше министерка за животна средина?
А, сега наеднаш, за Шукова и СДС градот е над политиката, притоа успеа да ја исполитизира целата тема.
За СДС ништо не е над нивниот интерес. Ниту Скопје, ниту здравјето на граѓаните, ниту животната средина.