СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на Зоран Заев.
Кандидат за главниот град им е Каја Шукова која вели дека ќе се залага за чисто, уредено, и безбедно Скопје.
Шукова се однесува како да не знае дека партијата од која е дел, и чиј министер за животна средина беше самата таа, не знае што значат поимите кои таа ги употребува.
Шукова доаѓа од партија која само знаеше да протестира сама против себе кога станува збор за чисто и уредено Скопје.
СДС очигледно само знае погрешно да постави темели и се знае дека потоа се оди во погрешна насока, работите не ни стагнираат, туку само одат во полоша насока. Па така откако ја преземаа власта во 2017 година наместо да се фатат за работа тие излегоа на протест и си протестираа сами против себе, или протестираа нивни пратеници, а тие беа на власт, нивен заменик министер за животна средина исто протестираше наместо да се фати за работа.
Кога се доаѓа на власт значи дека граѓаните ви дале доверба и очекуваат институционално да се решаваат проблемите, а не тие кои треба да креираат политики да излезат на улици.
СДС чиј кандидат е Шукова не направи ништо за седум години за општините, за градот, за воздухот, како и за санирање на низа проблем со кои се сочуваат граѓаните.
Како и да е, Шукова му излезе во пресрет на актуелниот, како и на претходниот партиски шеф и прифати да биде кандидат за Скопје. Но, СДС, Филипче и Шукова како кандидат за Скопје, како и кандидатите за другите општини треба да знаат дека граѓаните точно знаат кој работи во нивни интерес. Јасно е дека тоа не е ова СДС.