Денес сме во општина Могила, каде што заедно со градоначалникот и кандидат за градоначалник Драганчо Саботковски, ги посетивме населените места Вешерејца и Могила. Се видовме со многу граѓани и навистина е огромно задоволство за еден политичар кога ќе види дека излегол пред граѓаните и она што го ветил, граѓаните ,му потврдуваат дека и го завршил, сработил, го реализирал.
Кај нас, нема лаги ние работиме по принципот зборот е збор. Тоа се потврдува и тука во општина Могила, каде што во изминатите четири години, градоначалникот до мене Драганчо Саботковски, комплет ја реализира програмата која ја вети пред неговите сограѓани.
Сега ќе биде уште подобро во наредниот мандат бидејќи има огромна поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од Владата на Република Македонија, бидејќи големи средства Владата на ВМРО-ДПМНЕ одделува за локалните самоуправи, и реализација на капитални инфраструктурни проекти во сите општини така и во општина Могила.
Во наредниот период ќе бидат реализирани уште многу проекти, но и со задоволство можам да кажам дека граѓаните се задоволни од политиките на Владата на Република Македонија, зголемени пензии, зголемени плати во образование, здравство, полиција, во администрација.
Големи реформи во образованието, после долги години учениците учат од првиот ден од учебници а не од скрипти, и се она што ветивме во изминатиов период, го реализиравме.
Тука во Могила, каде што сме денес, е земјоделски крај и навистина многу сум задоволен што граѓаните, покажуваат задоволство од аграрните политики на оваа Влада, на чело со министерот Цветан Трипуновски.
Задоволни се, секако како помина откупот на тутунот, задоволни се од откупната цена, задоволни се сега со новата цена на пченицата и генерално за она што ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го дава како поддршка на земјоделците.
Ги градиме темелите на промените, ја правиме Македонија повторно горда, така ќе биде и тука во Могила, ќе оствариме голема победа на локалните избори, повторно ќе биде градоначалник Драганчо Саботковски, и ќе ги реализира во целост оние проекти кои ги вети пред неговите сограѓани.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=6zOCJmm0_DA