19.07.2025

СДС е партија чиј поранешен директор на енергетскиот сектор Васко Ковачевски е во бегство поради криминал и немаат право да зборат на оваа тема

СДС бидејќи лесно и брзо забораваат да ги потсетиме што направија за уништување на енергетскиот сектор.

Колку за поткрепа на претходното, на само два месеци пред избори, владата на СДС и ДУИ преку сомнителен тендер на ископ на јаглен се обидуваше да украде 46 милиони евра на омилената фирма Марковски компани.

Еве една лекција.

Прво, во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по седум години го најде со минус 80 милиони евра работење.

Второ, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на стабилен енергетски сектор. Колку за илустрација. Кон крајот на минатата година се потпиша договор меѓу Европската банка за обнова и развој  и ЕСМ за грант од ЕУ за изградба на две нови фотонапонски електрани – „Битола 1“ со инсталирана моќност од 20 мегавати и „Осломеј 2“ со моќност од 10 мегавати.

СДС ќе ги потсетиме што се случуваше во нивно време, освен минус кој го оставија во ЕСМ.

Прво, СДС остави низа на скандалозни и криминални договори.

Второ, но исклучително важно, Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ од СДС е во бегство поради криминал, има истрага за набавки на мазут и адитиви, а државата плаќа 300.000 евра месечно за фактури, обврска што ќе трае 15 години.

Трето, СДС во наследство остави трансформатори набавени по нереално високи цени, кои иако треба да имаат век на траење до 50 години се расипуваат на многу краток период до две години.

Криминалните работи на СДС не само што не направија ништо за  стабилен енергетски систем, туку го урнисаа истиот. Оттука СДС нека стави акцент сега на своите актуелни проблеми и нека ги остави