27.07.2025

Во најголем дел пожарите се намерно подметнати, затоа прашуваме која е придобивката на СДС која се радува на нив?

СДС е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата.

За седум години власт, СДС наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавуваше комотни возила за своите функционери.

Да се грижеа СДС за состојбите за пожарите, како што сега во опозиција глумат, немаше да не остават ниту еден исправен канадер, летало или пак возило за гасење пожари.

СДС за време на нивното владеење, додека пожарите беснееја низ државата, тераа одмори по грчките плажи, наместо да се вклучат активно во нивното гасење.

Од ова произлегува само едно, дека СДС е партија која гледа само себе и се води од максимата колку полошо на другите и на државата, толку подобро за нив.

Дополнително на ова ако го ставиме фактот дека голем дел од пожарите се подметнати, за што постојат и докази, а постојат сомневања дека дел од нив се потпалени од лица блиски до поранешните владини коалициони партнери, СДС и ДУИ.

Затоа, СДС наместо да глуми загрижена партија, треба јавно на македонските граѓани да му одговори која е нивната корист од намерно подметнатите пожари кои ги оштетуваат македонските шуми?

Дали тоа го прават само за да имаат тема за некоја прес-конференција или соопштение, немајќи конкретни идеи и визија за политики кои би придонеле за подобро функционирање на државата.

СДС треба да знаат, дека сакајќи да му наштетат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за тие да спечалат некој политички поен, му наштетуваат на државата која ние е заедничка.