27.07.2025

Мизрахи: Со граѓаните од Чучер Сандево разговараме како ќе се одвиваат работите и општината ќе се развива во следните четири години со новиот градоначалник

Со граѓаните од Чучер Сандево зборуваме и за локалните проблеми. Зборуваме за тоа што е до сега направено и потребата од повеќе и подобро.

Со млади сили, полни со ентузијазам за современа, модерна и просперитетна општина.

За она, како младите сили полни љубов за граѓаните на оваа општина ќе доведат до нови инфраструктурни решенија, грижа за младите, за семејствата, но и за повозрасните, за земјоделците, меѓутоа и за малите и средни претпријатија.

Буквално за се, со чесна визија и акционен план за тоа како ќе се одвиваат настаните во наредните четири години.

Нормално, со новиот градоначалник на Чучер Сандево.