28.07.2025

Македонија станува енергетски независна и регионална раскрсница за набавка и проток на гас, ја гради новата енергетска мапа на Балканот

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно и посветено работи и вложува во развојот на гасоводната мрежа.

Со новите проекти и инвестиции во енергетиката воопшто, државата влегува во клучна фаза на енергетска независност и трансформација на енергетскиот систем.

Владата, не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената енергетска мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција.

За таа цел веќе започна изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој е капитален проект кој носи двоен бенефит, сигурност на снабдувањето и можност за транзит кон трети земји.

Овој интерконектор ќе биде долг 68 километри и освен природен гас, ќе пренесува и водород.

Од друга страна, значителен исчекор во енергетското поврзување  е направен и со Србија, при што се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање, со вкупна должина од 70 километри, од кои 23 километри ќе бидат на македонска територија.

Преку овие две стратешки поврзувања, Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од терминалот во Александруполис кон Србија и понатаму до Средна Европа.

Со овие нови интерконектори, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор.

Покрај регионалното гасно поврзуваме, ќе се почне со изградба и на секундарната гасоводна мрежа во државата. Пред неколку дена беше потпишан Меморандум за разбирање со Казанџи Холдинг кој, покрај изградбата на топловодна мрежа и когенеративни централи, го отвора патот за изградба на секундарната гасоводна мрежа, која е инвестицијата вредна една милијарда евра.

Исто така се инвестира и во производствени капацитети за електрична енергија од обновливи извори, како ветерници, соларни централи.

Со јасна визија и посветеност Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гради независен и модерен енергетско гасен систем кој не зависи од една рута, еден снабдувач или еден енергетски извор.

Со реализација на овие суштински и стратешки проекти, се стабилизира енергетскиот пазар и Македонија станува енергетски независна и регионално поврзана држава.

Со ваквите инвестиции Македонија станува гасна и енергетска регионална раскрсница и ја гради новата енергетска мапа на Балканот.