
Мицкоски: Напуштање на скалесто оданочување е на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и е добро што се случува посебно во период на криза
Напуштањето на скалестото оданочување беше барање на ВМРО-ДПМНЕ кое по голем притисок од јавноста Владата го прифати. Законот е доставен од Владата во собраниска процедура и тој помина во Комисијата за финансирање и буџет која ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Свети […]
Read more
Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа
Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и […]
Read more
Мавровски: СДС манипулира на сите теми, културата после пет години повторно е вофокусот на Битола
/Не можете, почитувани од СДСМ, без разлика во која улога сте, дали сте власт или опозиција, никако да излезете од својот партиски шинел. Никако не успевате, иако тоа навистина е многу чудно, да разберете дека шинелите во културата се облекуваат само на сцени на театарски претстави или друг вид уметнички креации, каде е соодветна таква […]
Read more
Ковачевски наместо да даде одговор за реалните проблеми, исфрустриран заради својот слаб рејтинг лиферува невистини за претседателот Мицкоски
Ковачевски наместо да даде одговор за новото покачување на цената на струјата, да даде одговор на скандалите поврзани со Онишченко, и новиот директор на АНБ кој му овозможи да добие државјанство, наместо да им даде достојни одговори на новинарите на поставените прашања, Ковачевски нервозен затоа што го соочуваат со реалноста дрско им одговара.Ковачевски знае дека […]
Read more
Тактиката Арсовска да измислува лаги, а Ковачевски да ја брани само кажува што било договорено на нивните тајни средби
Почитувани, Тактиката Арсовска да измислува лаги, а Ковачевски да ја брани и да ги шири тие лаги, само кажува што било договорено на нивните тајни средби. Улогата на Арсовска е да дефокусира од скандалите на владата, а за возврат власта да го прави она што најдобро знае, да замиже пред сите криминали, тендери и пропаст […]
Read more
Костадиновска Стојчевска не прави разлика во сложеноста на организациската поставеност на националните и локалните установи
ЗА КУСОГЛЕДОСТА НА МИНИСТЕРКАТА Д-Р БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКАВчера, Министерството за култура со штуро соопштение на Фејсбук нѐ изненади со добра вест, барем на прв поглед. Со Одлука на Владата од 14.12.2022 година, ќе се формираат три нови Национални институции од областа на културата. Две музички, „Музички театар“ во Тетово, „Битолски камерен оркестар“ во Битола и […]
Read more
Илиеска: Владата го укинува ослободувањето за плаќање данок на добивка за малите фирми со промет до 3 милиони, каде е тука праведноста во оданочувањето?
Повторно ретерирање!Ако Владата спроведува „даночна реформа“ со која ретерира од спороведување на прогресивното оданочување за кое донесе одлука „пу пу неважи“, со истата таа „даночна реформа“ ретерираше повторно во делот на данокот од добивка.За каква и колку годишна Стратегија станува збор кога политиките се менуваат на „дневно“ ниво.Во 2020 година (17та седница одржана на 03.11. […]
Read more
Ковачки: Спасовски не може да открие кој стои зад дојавите за бомбите, неспособен е и нема капацитет
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за лажните дојави за бомби за кои повеќе од месец дена МВР не може да открие кој е сторителот, рече дека сето тоа се должи на неспособноста на министерот Оливер Спасовски, како и немањето на капацитет и […]
Read more
Ковачки: Арсовска да си ја провери деловната способност и да побара стручна помош
Таа изјава е производот на тајните средби на Ковачевски и Арсовска во владата, смета Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Арсовска за наводни закани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ковачки вели дека доколку имало закани, Арсовска требало истите да ги пријави кај […]
Read more
(ДОКУМЕНТ) Ковачки: Зарко Милошевски е унапреден и награден од Ковачевски и Зечевиќ во директор на АНБ затоа што го потпишал пасошот на Онишченко
Зарко Милошевски, е истурен играч на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски е вработен во службата во време на СДС, а унапредуван во време на Зечевиќ. На местото директор на АНБ доаѓа од позицијата Помошник директор за безбедносни проверки. Тој е на висока позиција во АНБ веќе 7 години. 7 години Милошевски е вмешан во […]
Read more
Зошто допрва Спасовски и Ковачевски ќе се координираат и ќе бараат помош за заканите со бомби – човек да помисли дека намерно оставаат состојба на страв и тензии кај народот
Состојбата со дојавите за бомби станува алармантна, а Оливер Спасовски нема абер да превземе нешто да ги заштити граѓаните. Вчера беа упатени рекордни 50 дојави за бомби во средни и основни училишта, а учениците, наставниците и родителите се истрауматизирани. Спасовски без срам дури вчера најави дека допрва ќе се координира со службите како да се […]
Read more
Отворено се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води градот, таа е обичен пиун во рацете на Ковачевски за остварување на криминалните интереси
Арсовска и Тачела коалицијата прво народот го нарекоа багра, а сега измислува непостоечки работи и разговори кои не се случиле.Отворено се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води градот и институциите под нејзина ингеренција.Данела Арсовска очигледно има потреба од поинаква помош. Зборува за работи и ситуации кои никогаш не се случиле во реалноста.Сериозно […]
Read more
Попов за исклучувањето на струја во државни претпријатија: Ковачевски знаел за долгот, да не глуми статист и да го реши проблемот, наместо да крадат, да почнат да работат за народот
Прво Ковачевски и владата да не глумат дека не знаеле за долговите на државните претпријатија кои ги имале кон ЕВН, бидејќи не може МЖ Транспорт да има долг над 400 милиони денари, а владата да нема поим за тоа, вели Сергеј Попов, советник во советот на Град Скопје и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на […]
Read more
Коцевски: Заре Милошевски, новиот директор на АНБ е продолжена рака на Димовски и Зечевиќ, не очекувам подобрување на безбедносниот систем
-Директорот на АНБ е ист производ како и минатиот директор, Виктор Димовски и тој долги години е на функцијата во АНБ, имал учествувано нели во безбедносниот сектор, така да не очекувам ништо ново. Имено Заре Милошевски има учествувано и во онаа последната афера со добивање на македонско државјанство на украинскиот и рускиот олигарх Онишченко, рече […]
Read more
Коцевски: Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме, кој одлежал затвор за криумчарење, на командирска позиција на ГП Блато
/Почитувани, Оливер Спасовски на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато назначил осудено лице кое веќе лежело затвор за криумчање и злоупотреба на службената положба. Оливер Спасовски наместо да се извини и да го разреши Бесфор Аме осуден криминалец со одлежан затвор, тој го штити. Вчера објавивме дека со потпис на Спасовски, Бесфор Аме, […]
Read more
Попов: Ковачевски и Арсовска да се извинат и дистанцираат од навредите на заменикот градоначалник на Скопје, во спротива ќе докажат дека тие ги нарачале и одобриле
Ковачевски и Арсовска ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги багра. Во отсуство на градоначалничката, заменик градоначалникот е тој кој ја менува и ги има ингеренциите. Вчера Данела Арсовска не беше на седница на Совет, нејзе ја претставуваше заменик градоначалникот Александар Трајановски. Тој од говорница ги вреѓаше приватните превозници нарекувајќи ги багра. Ковачевски и Арсовска првин […]
Read more
Градоначалникот Ристов: Изработката на буџетот за 2023 година за општина Конче е во завршна фаза
Веќе се направени посети на сите месни заедници, преку реализираната акцијата „Биди дел од промените што носат иднина” добиени се многу интересни и корисни идеи од граѓаните ги даваа свои предлози, а самиот буџет за 2023 година е во завршна фаза. Ова се дел од главните поенти од обраќањето на градоначалникот на Општина Конче, Златко […]
Read more
Тачела коалицијата губи контрола: Арсовска и ГРОМ ги навреди приватните превозници нарекувајќи ги багра
/Тие велат дека се борат за леб, а Тачела коалицијата ги навредува нарекувајќи ги багра. Арогантното однесување на Данела Арсовска и нејзиниот учител Стевче Јакимовски од ГРОМ, денес преку советникот и заменик градоначалник Александар Трајановски исплива на виделина. Денес машата на Арсовска Трајановски чесните и трудољубиви работници ги навреди нарекувајќи ги багра. Додека тие си […]
Read more
МВР и СДС да не лажат, и да кажат зошто со потпис на Спасовски, Бесфор Аме е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, во ГП Блато
МВР и СДС да не лажат. Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато. Бесфор Аме е полициски службеник, кој пред десетина години е осуден како дел од аферата „Милка“, за криумчарење добиток. Бесфор Аме бил и во притвор, а потоа со правосилна судска пресуда е […]
Read more
Јаневски: Намерно ЈСП и Арсовска не го исплаќаа долгот на приватните превозници, за да може градот да го раскине договорот и да распише нов повик
/Најпрво сакам да поставам две прашања до секретарот на градот да одговори, бидејќи тој изјави дека не можеле моментално да ни достават информација на писмено заради тоа што во ЈСП се правело ревизија, кој ја прави таа ревизија, дали е внатрешна ревизија, дали е надворешна ревизија и второ зошто уште кога пред два месеци побаравме […]
Read more
Андоновска: Уште пред два месеца баравме информација од ЈСП и Арсовска што се случува во сообраќајното претпријатие, но одговор до денеска нема, скопјани ги трпат последиците од нивното неспособно менаџирање
Главниот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јавниот интерес, а јавниот интерес подразбира квалитетен, навремен јавен градски превоз. Но, дали ние во моментот имаме таков јавен градски превоз? Одговорот е не, вели советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска на денешната седница. Андоновска истакна дека скопјани немаат соодветен јавен градски превоз, а […]
Read more
Ковачевски и Арсовска се едно исто, тоа само се потврди со блокадите, тие ги предизвикаа, а потоа и тргнаа
Ковачевски и Арсовска се едно исто, тоа само се потврди со блокадите, тие ги предизвикаа, а потоа и тргнаа. Превозниците излегоа и го блокираа градот затоа што Арсовска и Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС не им ги исплаќаа парите кои им ги должат за извршен транспорт. ЈСП се најде во долгови затоа […]
Read more
Ковачевски е неспособен да ја обезбеди безбедноста на граѓаните, а за проблемот со превозниците тој може да го реши зошто негов кадар го предизвика
Ковачевски и по неколку месеци малтретирање на граѓаните со лажни дојави за бомби не е способен да го гарантира мирот и безбедноста на граѓаните. Со месеци ученици, образовен персонал, родители и граѓани се малтретирани и МВР на Спасовски и владата на Ковачевски не наоѓаат механизам да ги заштитат граѓаните од константните вознемирувања. Што се однесува […]
Read more
Лефков: Поминаа 2 месеци откако ја обелоденивме Броило, Ковачевски во центарот на 26 милионска афера, институциите молчат
Поминаа 2 месеци откако ја отворивме аферата Броило, а одговор од институциите нема.Премиерот Димитар Ковачевски беше во средина на оваа афера преку која се свртени над 26 милиони евра од фирмите Пиксел груп, на која основач е самиот тој, КМГ ЕОЛ Квазар, основана од неговиот кум Горан Паунов и АЕ СОЛАР АД од Тетово.Да потсетиме […]
Read more





