Почитувани,
Тактиката Арсовска да измислува лаги, а Ковачевски да ја брани и да ги шири тие лаги, само кажува што било договорено на нивните тајни средби.
Улогата на Арсовска е да дефокусира од скандалите на владата, а за возврат власта да го прави она што најдобро знае, да замиже пред сите криминали, тендери и пропаст на градот Скопје.
Ако имало било какви закани до Арсовска прашањето е зошто истите не се пријавени во МВР, наместо да глуми во јавноста лажна жртва.
Самото количество на лаги кое Арсовска го изнесе во јавноста говори за непресметливоста на нејзиниот карактер. Затоа потребно е институциите да ја испитаат нејзината психофизичка состојба, бидејќи сомнежот е дека Македонија има деловно неспособен градоначалник.