16.12.2022

Илиеска: Владата го укинува ослободувањето за плаќање данок на добивка за малите фирми со промет до 3 милиони, каде е тука праведноста во оданочувањето?

Повторно ретерирање!
Ако Владата спроведува „даночна реформа“ со која ретерира од спороведување на прогресивното оданочување за кое донесе одлука „пу пу неважи“, со истата таа „даночна реформа“ ретерираше повторно во делот на данокот од добивка.
За каква и колку годишна Стратегија станува збор кога политиките се менуваат на „дневно“ ниво.
Во 2020 година (17та седница одржана на 03.11. 2020година)се донесува предлог закон, со кој се зголемува прагот за оданочување на субјектите кои остваруваат промет над 3.000.000 денари, кои би биле дел од режимот на оданочување со данок од добивка , односно ќе бидат ослободени од плаќање од данок на вкупен приход.
Сосема обратно од претходното со годинашнава предлог „даночна реформа“, за фирмите кои што остваруваат приходи на годишно ниво до 3.000.000 денари, не само што не се зголемува прагот, туку целосно се укинува ослободувањето од обврската за плаќање на данокот на добивка.
Ретерирањето е својствено при носење одлуки од Владата и поради тоа економијата се наоѓа во клима на неизвесност и несигурност.
Во што се состои праведноста на „даночната реформа“ кога на најкревките и најмалите фирми од економијата ,кои што се 70.000 од вкупно 100.000 фирми, им се воведува да плаќаат данок на добивка?
*70.000 фирми се таргет на оваа „реформа“*70.000 ќе бидат оптоварени со данок на добивка*70.000 фирми соочени со неизвесноста од опстанокАко во првите 6 месеци од годинава ставиле клуч на врата околу 5.000 фирми, а само последниве два месеци Октомври и Ноември затвориле 707 фирми,11% повеќе од минатата година, дали некој се запрашува што не очекува идната година? Во период на постпандемиска криза и енергетска криза, со брзо растечка инфлација, идејата на реформаторот е да собере данок од најслабата и најмалата ,но најбројната алка во економијата.
Што е намерата и што се поттикнува со овој дел од даночната реформа:-Дел од овие фирми да влезат во сивата економија?-Да се затворат фирмите?-Да се отпуштат вработени?-Да се зголемат бројот на социјални случаи?-Да се доисели работоспособното население?Посегнувањето по нови даноци не е решение во време на криза, тоа е создавање на нови проблеми на најкревката и најнемоќната категорија од економијата.

https://www.facebook.com/100001706320097/posts/pfbid02aFtdsNAL7iTEvgn9JoM29YvbXPQbqcQvt6SzFRVrkX7MFJCts49W2aVbT9mMVSzl/?d=n