21.11.2026

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Почитувани претставници на медиумите,

Денеска на седницата на Советот на Општина Крива Паланка, градоначалникот и мнозинството во Советот имаа можност да поддржат конкретен и сеопфатен план за решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.

Ние не дојдовме со празни политички пароли, дојдовме со конкретен Акциски план со четири оперативни мерки, утврдени рокови, институционална координација, финансиска конструкција и механизам за контрола на реализацијата.

Предложивме каде да се постави прифатниот пункт, како да се организираат теренски екипи, како да се вклучат АХВ, Агенцијата за управување со одземен имот и МВР, како да се обезбеди хуман третман на животните, како да се дезинфицираат јавните површини и како да им се помогне на земјоделците кои претрпеле штети. Предвидовме финансиска конструкција како и 5 члена комисија за надзор и редовно известување на Советот.

И покрај сето ова, градоначалникот и мнозинството го одбија предлогот. Тие денеска пропуштија можност да поддржат конкретен чекор кон решавање на проблемот.

Сега граѓаните имаат право да прашаат: Ако не го прифатија овој план, кој е вашиот план? Кои се вашите конкретни мерки? Кои се роковите? Колку средства сте подготвени да издвоите и кој ќе ја преземе одговорноста за реализацијата?

Не може со месеци да се одржуваат прес-конференции, да се бараат виновници и да се префрла одговорноста на други институции. А кога ќе се понуди конкретен план да се одбива.

Нашата обврска како советници не завршува тука, ќе продолжиме и понатаму да бараме решение на проблемот.

Ние понудивме решение, сега градоначалникот и мнозинството должат одговор, што нудат тие?


Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/v/1CQXsyDiBS/?mibextid=wwXIfr