Добро е што Венко Филипче го следи и слуша што зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
Така може и ќе научи нешто како се води државата, како се води грижа и посветено се работи за подобар живот на граѓаните, како се проектираат и носат економски политики кои носат раст и економска стабилност, по пустошот кој зад себе го остави владата на СДС, во која составен дел беше и самиот Филипче.
Сега, кога СДС е во длабока опозиција од каде што не може да ги пљачка државните буџети и да ја уништува економијата, на остатокот од партискиот талог предводен од Венко Филипче не му останува ништо друго освен да шири дефетизам и црни сценарија дека државата само што не банкротирала. Нешто што го прават во континуитет уште од 2024 година.
Но, еве, веќе две и пол години, Македонија не само што не банкротирала, туку десетти квартал по ред БДП расте со три или над 3%, за вториот квартал од годинава да достигне до раст од 4,3%, инфлацијата да се држи под контрола и да биде далеку под европскиот просек, а платите и пензиите во континуитет да растат.
Имено и самиот ДЗС во последните објавени податоци потврди дека реалната нето-плата во септември 2026, споредено со септември ланската 2025 година се зголемила за 5,2%. И овој реален раст на платите доаѓа во време на историска енергетска криза кога светската економија се соочува со сериозни проблеми и предизвици.
Од друга страна, само да ја споредиме реалната нето-плата исплатена во септември 2022 година кога СДС беше на власт и енергетската криза практично веќе беше завршена, имаме намалување од 5%. Односно, толку биле способни и се интересирале за животниот стандард на граѓаните, што тој септември 2022 година на македонските граѓани им овозможиле реална нето-плата за -5% пониска.
А во однос на пензиите, СДС и Венко Филипче имаат најмалку кредибилитет да зборуваат. Да се прашуваа тие, пензионерите немаше да го добијат заслуженото покачување на пензиите и сè уште ќе протестираа по македонските градови за достоинствен живот во третото доба.
За среќа и на пензионерите, СДС и Венко Филипче веќе се опозиција, а на следните избори кога и да се, ќе заминат и во политичка пензија.
Од друга страна, тоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го направи за пензионерите е тоа што за само две и пол години власт за седум илјади денари линеарно ги покачи пензиите на над 300 илјади пензионери и тие редовно се исплаќаат.
Растот на економијата, инвестициите, платите и пензиите ќе продолжи и следните години, за македонските граѓани да го добијат животниот стандард и квалитетот на живот кој го заслужуваат.






