Нејасно е зошто СДС упорно отвора теми во јавноста кои никако не им одат во прилог.
Се занимаваат со статистички податоци кои се лесно проверливи и кои немилосрдно ја покажуваат нивната безидејност. Зборуваат за платите, а не подалеку од вчера, и Државниот завод за статистика потврди дека платите во Македонија растат.
Најновите податоци на ДЗС за месец септември го потврдуваат растот на реалната нето-плата. Имено, реална нето-плата е кога од нето-платата ќе се одземе инфлацијата за тој месец, а за месец септември 2026 година, реалната нето-плата порасна за 5,2%.
Од друга страна, пак, доколку истата се спореди со септември 2022 година, период на власт на СДС, кога порастот на реалната нето-плата бил негативен, односно -5%, тогаш доаѓаме до интересен заклучок.
Значи, во услови на историска енергетска криза, нашата Влада успева реалната плата да ја зголеми за 5,2%, додека тие, владата предводена од СДС, во 2022, кога исто така имаше ограничена енергетска криза успеаја да ја намалат за -5%.
Ние не интервенираме со закони за минимална плата, туку оставаме пазарот на труд и законот за минималната плата да го регулираат порастот.
Бројките се немилосрдни и понекогаш статистиката повеќе зборува отколку се друго.
А ние како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да креираме политики и да преземаме мерки за економска стабилност и раст, да креираме услови за бизнис клима која ќе донесе општествен развој, нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за македонските граѓани.







