Во 2024-та година имало 132 пожари, опожарена површина 95.000 хектари, просечна површина по пожар 721 хектар. Во 2025-та година имаме намалување на 82 пожари, 31.228 хектари опожарена површина и просечна површина по пожар 382 хектари. Ќе се сложите, драстично намалување. Во 2026-та година тековната, досега, истиот систем EFFIS има евидентирано 69 пожари, опожарена површина 25.000 хектари, просечна површина по пожар 366 хектари. Секаде намалување во секој параметар. И она што е уште поважно е дека имаме драстичен тренд на намалување од она кое што било во време на претходната влада на СДС и ДУИ, со ова кое што денеска го работи оваа Влада. А зошто тоа е така? Овие бројки овие статистички показатели не паѓаат од небо и не се случуваат случајно, тие се производ на работа на планирања на инвестиции. Ќе ве потсетам, дека откако дојде оваа Влада, иако претходната ги заглави, air тракторите, сега беа ставени во функција. Потоа, исто така, се сеќавате дека оваа Влада изврши пренамена на воени и полициски возила, коишто имаат вградени резервоари за вода и коишто имаат пумпи под висок притисок, успешно се справуваа со дел од пожарите особено во делот на шумските пожари. Се вклучија армиските и полициските хеликоптери, се ангажираа нормално армиските припадници, меѓутоа се ангажираа и 300 доброволци, коишто се во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување, за да помогнат во справувањето со оваа непогода, нови инвестиции, опрема, превентивни мерки, како што беа забрана за движење во шумите, контрола на депонии и други потенцијални извори на пожари и инструкции до општините преку ЗЕЛС за проверка на ризични области. Се сложувам дека треба уште повеќе да се инвестира, се сложувам дека е проблем за којшто не смее да се штеди, меѓутоа, тие бројки коишто кажуваат дека е драстично подобрено се резултат на работа, на инвестиции и на залагања не оваа Влада.
Линк:
https://www.facebook.com/share/v/18hJiDQWT8/?mibextid=wwXIfr






