Демант до Соња Стаменкова: Македонска Каменица никогаш не била изоставена од експресниот пат!
Во врска со тврдењата на градоначалничката Соња Стаменкова за наводни институционални залагања за приклучок на Македонска Каменица на експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, од ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица соопштуваме дека станува збор за обид да се присвои заслуга за нешто што никогаш не било доведено во прашање.
Македонска Каменица од Владата и премиерот Христијан Мицкоски никогаш не била изоставена од поврзувањето со експресниот пат. Тоа денеска, при посетата на Делчево, јавно го потврди и самиот премиер Мицкоски.
Затоа, наводното писмено барање од 9 ноември 2026 година не може да се претставува како причина за одлука што Владата ја имала предвид од самиот почеток. Не може да се бара заслуга за решение што никогаш не било загрозено.
Граѓаните заслужуваат вистина, а не политички поени на сметка на веќе утврдени државни приоритети. Владата на Република Македонија нема поделба на општини, ниту граѓани од прв и втор ред.
Заложбите на Владата и премиерот Христијан Мицкоски, грижата за сите граѓани од источниот дел на Македонија ќе ја продолжат и во иднина.
За Македонска Каменица, за Источна Македонија, за нашата иднина!
Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/1di3vp7VqT/






