21.11.2026

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка.

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова.

Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција.

СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка.

Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија.

Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка.

Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем.

Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче.

Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните.