06.10.2026

Филипче нервозен и во паника, СДС нема што да им понуди на граѓаните додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати и носи инвестиции

Венко Филипче е видливо нервозен и во паника бидејќи и самиот знае дека СДС нема што да им понуди на граѓаните, Филипче нема кредибилитет, а рејтингот на партијата им се топи и е на маргините на политичката сцена.

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство, Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции.

Во однос на ЕУ, граѓаните знаат дека СДС, Филипче и Заев се квислизите, а сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ. Македонија е блокирана од Бугарија токму поради понизноста на СДС, на Заев, Османи и останатите.

СДС е таа, која прифати услов уставни измени, за кои немаа уставно мнозинство и ја ставија државата во ќорсокак.

Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен и пензиите редовно и навремено се исплаќаат. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

Во однос на горивата, во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата имаме најниски цена во регионот и пошироко.

За разлика од владеењето на СДС и ДУИ, кои ги ограбија граѓаните, ја опустошија државната каса и ја оставија државата на раб на банкрот, сега макроекономската слика во земјава е стабилна.

СДС и ДУИ истрошија милионски буџети во државата, а немаа ниту еден значаен проект, немаа инвестиции, немаа нови фабрики.

Денес, Македонија има трипати поголем просечен раст од ЕУ. Во изминатите 27 месеци, односно 8-9 квартали од избирањето на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основа во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер, Европската Унија или еврозоната, тој се движи помеѓу 1 и 1,2 процент. Тоа е трипати повеќе во споредба со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер.

Денес, интензивно се работи на гасното поврзување по Коридорите 8 и 10. Со јужниот и северниот интерконектор, Македонија ќе стане важна транзитна земја што ќе го поврзува терминалот во Александропулис со Централна Европа, создавајќи нови можности и дополнителни приходи за државата.

Исто така, Државниот завод за статистика ги објави податоците за увоз-извоз, и веќе втор месец од третиот квартал, покрај јули и август, имаме 11,5 проценти раст на извозот, 8,5 проценти раст на увозот. Значи, извозот побргу се зголемува отколку увозот.

Денес имаме позитивната динамика во економијата.

За разлика од безидејната СДС, која нема што да им понуди на грѓаните, Владата на ВМРО ДПМНЕ испорачува резултати, реализира проекти и носи инвестиции.