04.07.2026

Мицкоски: Решаваме наследени проблеми, изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува

Македонија забрзува!

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика.

Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините.

Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.

Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.

Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.

Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден.

Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните,  создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата.

https://www.facebook.com/reel/1464444709042297