04.07.2026

СДС и Левица со опструкции и блокади наместо реформи, го кочат Изборниот законик и правото дијаспората да гласа 

Стравот од изборен пораз не смее да биде причина за блокада на Изборниот законик од страна на СДС, Венко Заев и Левица на чело со Апасиев.

СДС и Левица со поднесување на десетици илјади амандмани го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, иако неговите решенија со месеци беа усогласувани со учество на сите политички партии.

Со ваквите опструкции на СДС и Левица директно се доведува во прашање воведувањето на електронско гласање за дијаспората и модернизацијата на изборниот процес.

СДС и Левица се уплашени од изборен пораз и затоа калкулираат и прават блокади.

Иако СДС и Левица учествуваа во разговорите за законските решенија, денес се обидуваат да го закочат нивното донесување. Тоа отвора сериозни прашања за нивната доследност и вистинските мотиви.

На државата и се потребни функционални институции, реформи и изборен систем што ќе обезбеди еднакво избирачко право за сите македонски граѓани, вклучително и за дијаспората, а не политички блокади од страна на СДС и Левица.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на донесување квалитетни законски решенија, модернизација на изборниот процес и политики што се во интерес на граѓаните и државата.