04.07.2026

Манасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто, затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење

Почитувани,

Катастрофалното раководење на Венко Заев и СДС со државните институции, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, натера голем број на наши сограѓани да ја напуштат повремено или пак трајно нашата држава.

Венко Заев и СДС, не само што ги избркаа граѓаните од државата, сега не сакаат ниту да им го олеснат начинот на гласање на изборен циклус во Македонија, затоа што знаат дека нема да ја добијат нивната поддршка односно поддршката од страна на македонската дијаспора и поради тоа, жестоко го блокираат Изборниот законик со над 10 илјади амандмани.

Тоа е вистинската причина за блокада на Изборниот законик. Страв од уште поголем пораз на следните избори.

Јасно се гледа дека Венко Заев нема никаква визија во својата политика, освен да и наштети на државата и нејзините граѓани на било каков можен начин.

Изборниот законик го поздравува и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас, кој додаде дека Македонија ја исполнува обврската која ја има преземено во делот на испорачување на Реформската агенда и јасно бара консензус на сите политички партии за овој Закон, само Венко Заев се противи и смета дека доколку создава блокада на реформските закони дека така ќе добие политички поен повеќе.

Граѓаните ја прочитаа намерата на Венко Заев и СДС и затоа на следниот изборен циклус ќе ги доведат на маргините.