Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов се обрати на денешната собраниска седница, при што на пратеничка од СДС му посочи дека за епитетот, односно титулата најлош министер мандатар е единствено народот, кој пред две години гласаше така што СДС сега има 18 пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ 58 на број.
„Прва теза што ме засегна е најлош министер, епитетот најлош министер. За оваа титула единствен мандатар е народот. А тоа го кажаа пред две години. Затоа не бројте ние тука колку сме, дали сме 10, дали сме 20, дали сме 30. 58 сме на број. Ако треба сите ќе се собереме, а вие сте 18“, рече Јамалов.
Во однос на спроведувањето на правдата, Јамалов потенцираше дека на ВМРО-ДПМНЕ народот му ја даде довербата на избори за да врати изгубената доверба во институциите, затоа секој кој се огрешил ќе одговара.
„И другата работа, зборувате за уапсени функционери, моментални функционери на владата и на овој пратенички состав. Да. Нас народот ни ја дадоа довербата за да ја вратиме довербата на институциите. Секој што е огрешен, секој ќе одговара, без разлика дали е тој опозиција или позиција. Така ќе биде во иднина“, потенцираше Јамалов.








