12.07.2025

Кузманоска: Овој ребаланс е резултат на добра наплата на приходите и паметно управување

,,Ова е исклучително важен чекор за ние како пратеници да излеземе надвор од собраниските групи и пред јавноста да зборуваме отворено што носат некои одредени политики, да покажеме отчетност и транспарентност“, истакна пратеничката Биљана Кузманоска на гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува- една година Влада“. 

Кузманоска истакна дека во овој период постигната е зголемена наплата на приходите без зголемување на даноци. Според неа, фокусот е ставен на развој и директна грижа за граѓаните.

,,Зголемена наплата на приходите без да се зголемат даноците. А тоа е резултат на зголемена доверба на институциите и зголемена доверба и во фискалната дисциплина. Тука можам да го издвојам и развојот затоа што имаме зголемување на капитални инвестиции на капитални проекти како што се од патишта до училишта, од болници до енергетика. И во многу други сегменти коишто се многу битни во нашето општествено живеење. Најклучна ни е грижата на граѓаните, тоа се покажува во ребалансот со зголемување на платите зголемување на пензиите, со инвестирање во младите. Апсолутно во секој сегмент кој што ни е битен во нашето живеење во нашата држава“, рече Кузманоска.

Според Кузманоска, овој ребаланс е резултат на добра наплата на приходите и паметно управување. Таа додаде дека зголемените капитални инвестиции, повисоките плати и  пензии и поддршката за младите луѓе во земјава покажуваат дека ребалансот создава нови можности, и додаде дека во првите 5 месеци се надминати проекциите на приходите.

,,Ова е ребаланс како резултат на добра наплата и на паметно управување и затоа сакам дека кажам дека ребалансот не е политички ова е човечки ребаланс каде што  секој денар значи олеснување за секого, значи нов пат до село, ново училиште, нова градинка. Едноставно една нова можност за да се подобри начинот на живеење овде во нашата земја“, кажа Кузманоска.