11.07.2025

Паунов: Благодарение на средствата од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат повеќе проекти од инфраструктурно значење

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ зборуваше дека наследил нефункционална и кадровски ослабната општина, но со умешно работење и реализација на проекти од програмата успеал да развие поинаков стил на работење и подобри услуги кон граѓаните.

-Она кое што реално го наследивме е навистина една нефункционална општина, општина која во 2021 година кога дојдов јас како градоначалник имаше обврска кон добавувачи, обврски по разен основ кој некаде достигнуваше тој износ од 17 до 20 милиони денари. Тоа е делот во однос на финансиите со кои се справивме умешно, раздолживме се што беше до тој момент како побарување и притоа останавме функционални дури и успешни во делот на реализацијата на проекти. Уште на самиот старт започнавме со старт на нашата програма. Она што е важно е дека наследивме и општина која во делот на администрацијата беше нефункционална или кадровски ослабена за која се потрудив во овие години да го зголемам кругот на луѓе  или тимот за работа во општината и сметам дека успеав да развијам еден поинаков стил на работење, услуги кон граѓаните. Трета и најважна работа која ја наследивме е дека општината Карбинци од претходното владеење бележеше многу мал раст на тогашната програма, посочи Паунов.

Градоначалникот Паунов го спомена и јавното комунално претпријатие „Плачковица“  каде спомена дека ова претпријатие имал долгови постари од 15 години и поради тоа се доведувало во прашање функционалноста на ова претпријатие. Тој укажа дека  успеал да се вратат  две третини од овој долг и дека за краток период целосно ќе се  врати долгот.

-Најлошата слика во општина Карбинци пред 4 години беше во комуналното јавно претпријатие „Плачковица“ кое што беше премногу задолжено, имаше долгови кои беа постари од 15 години. Дел од тие долгови моравме да најдеме начин да ги сервисираме затоа што се доведуваше до прашање самата функционалност на комуналното претпријатие и некаде тогашниот долг беше околу 350 илјади евра. Можам да кажам дека две третини од овој долг е расчистен, и се надевам дека во следниот период ќе ги раздолжиме, порача тој.

Паунов потенцираше дека во овој период во општина Карбинци се работело на решавање на проблеми од комунална природа, од  инфраструктура, односно на решавање на сите оние основни потреби за живот.

– Жителите на општина Карбинци имаа проблеми, пред се од комунална природа, инфраструктура, сите оние основни потреби за живот беа доведени во едно прашање дали може понатаму вака да се живее или мора нешто да се поправа. Ние одлучивме целосно да се посветиме на секој сегмент од општественото живеење. Работевме пред се во делот на инфраструктурата, се градеа улица, се реконструираа стари дотраени улици, се градеа велосипедски пешачки патеки. Работевме секаде каде што сметавме дека има потфрлање до тој момент, рече Паунов.

Тој во текот на своето гостување говореше за повеќе проекти кои биле реализирани во последните 2-3 месеци каде ги наброја изградба на тротоарски површини, локални улици, доградбата на детската градина во село Таринци, како и реконструкција на патниот правец село Таринци-Долни Балван.

-Во последните 2-3 месеци изградивме неколку тротоарски површини кои што ги спојуваат дел од населените места, изградивме неколку локални улици кои што подобрија значителен дел од функционирањето и движењето на граѓаните. Започна со изградбата еден од крупните капитални проекти кои ќе ги одбележат овие години, а тоа е доградба на детската градинка во село Таринци каде што за прв пат во општина  Карбинци ќе имаме можност листите на чекање за упис на дете во градинка да бидат завршена тема. Тука морам да го споменам еден проект кој е моја лична гордост, тоа е реконструкција на патниот правец село Таринци-село Долни Балван кој што е локален пат со регионален пристап затоа што спојува магистрален пат и регионален пат помеѓу овие две населени места, истакна Паунов.

На крај Паунов се осврна и поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде потенцираше дека тоа претставува сериозна поддршка од Владата и дека од двата повика тие како општина добиле над 600 000 евра помош.

– Не се памети досега во историјата на Македонија да една влада без разлика од која политичка проминенција дошла, да даде ваква поддршка на општините. Така треба да функционираат институциите со поддршка и со заедничко делување за потребите на граѓаните. Ова е една сериозна поддршка и општина Карбинци е во првиот повик од овој унгарски кредит, искористи некаде околу 150 000 евра за проект кој веќе се заврши, а тоа е изградба на сервисна улица во селото Таринци со должина од 420 метри и е еден огромен инфраструктурен зафат за една рурална средина. Морам да кажам дека сме во фаза на потпишување  на договорите од вториот повик, каде општина Карбинци ќе може да искористи уште 461 000 евра за проекти.  Ние аплициравме за 4 проекти кои се одобрени и се од инфраструктурно значање, додаде тој.