10.07.2025

Кирков: ЈСП без поддршка од градоначалничката, над 200 автобуси стојат расипани на паркинзите

Почитувани ,

Денеска заедно со колегата од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во Советот на Град Скопје, Тони Бојковски, направивме една вонредна посета на Градското јавно претпријатие  ЈСП СКОПЈЕ а  за сето тоа придонесе константните поплаки до нас за Градскиот превоз кој ги добиваме од секојдневните разговори со Скопјани.

Не прими генералниот директор Г динот Драган Кушоски со кој разговаравме за сите проблеми со кој се соочува  ЈСП и покрај тоа што од страна на Советот се што е побарано и доставено до нас е експресно изгласано и поминато а тоа е неколку кратко субвенционирање,развојна и инвестициска програма како и изгласани дополнителни вработувања. 

Од разговорот со Кушоски можеме да заклучиме дека истиот се соочува со големи проблеми и без подршка од Градоначалничката, постојано е со блокирана сметка и во големи долгови со кој се соочува ова претпријатие но и покрај тоа што големи финансиски средства ова јавно претпријатие  доби од неколку кратното субвенционирање од страна  на Советот.

Над 200 расипани автобуси стојат на паркинзите, несоодветни услови на вработените и систем за работа кој не е сменет години наназад е само плод на недомаќинското работење во ова претпријатие .

Сето ова го трпат Скопјани но сигурни сме дека за многу кратко време од сега доаѓаат многу подобри времиња и за ова Јавно претпријатие кое треба и мора да го води професионален кадар а Скопјани да добијат модерен и сигурен јавен превоз.

Секако не треба да се заборави и целосна ревизија и барање на одговорност за сите кој допринеле ЈСП Скопје  денес да изгледа вака како што изгледа.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/16r7XtnHR5