Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец, и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“. Тој зборуваше за инфраструктурните и социјалните проекти во општина Петровец, и според него општината бележи значителен развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Тој истакна дека мотивацијата зад сите овие проекти е јасна, а тоа е создавање подобри услови за живот за сите жители на Петровец.
,,Мотивот пред се граѓаните. Граѓаните ја даваат довербата. Јас одам по патот што ми го трасираат моите граѓаните. Во непосредна комуникација сум со граѓаните. Најглавен мотив ми е тоа. Желбата на моите граѓани да ја направам општина Петровец она што веќе е направена. Да ги подобрувам условите за живот во нашата општина. Дојде време кога моите сограѓани се радуваат исто гордост кажуваат дека се жители на општина Петровец“, рече Митевски.
Митевски истакна дека изградбата на новата општинска зграда за само една година значително ги подобри условите за работа на администрацијата и овозможи поквалитетни услуги за жителите на општина Петровец.
,,Пред се ветив на моите соработници во општинската администрација дека е изградиме нова општинска зграда старата беше во многу лоша состојба. Условите за работа беа катастрофални. И ние само за една година направивме нова општинска зграда. Со што, во голема мера ги подобривме условите за работа, а со самото тоа ги подобривме и услугите што ги даваме спрема жителите од општина Петровец“, кажа Митевски.
Тој понатаму додаде дека изградбата на новата спортска сала во Огњанци, која се очекува да биде завршена до крајот на октомври, ќе им овозможи на учениците од подрачното училиште „Кочо Рацин“ подобри услови за одржување на часовите по физичко образование.
,,Започнавме со нова спортска сала во населеното место Огњанци. Очекувам спортската сала да биде готова некаде до крајот на октомври. Почетокот на новата учебна година, децата од подрачното училиште ,,Кочо Рацин од Огњанци часовите физичко образование ќе си ги одржуваат во нова спортска сала“, истакна Митевски.
Според него, со изградба на голем број улици и патишта, општина Петровец достигна 90% реализирана патна инфраструктура.
,,Голем број на улици изградивме во изминатиов период. Горд сум на тоа што патната инфраструктура ни е 90% веќе направена. Во завршна фаза ми е изградбата на нов пат од катлановска бања до населеното место Градманци . Завршуваме со комплетно асфалтирање. Во моментов се поставуваат банкини. и во блиска иднина ќе бидеме сведоци на поставување на нов камен темелник на нов културен дом на тоа место“, вели Митевски.
Митевски посочи дека во завршна фаза е изградбата на новата градинка до крајот на август, општина Петровец ќе го реши проблемот со недостиг на капацитет, овозможувајќи упис за сите 40 деца што моментално се на листа на чекање.
,,Во завршна фаза ми е и градинката. Продолжуваме со втората и завршна фаза на изградба на градинка. Очекувам градинката да биде изградена исто така до крајот на месец август со што го решаваме трајно проблемот со упис на деца во градинка. Ние имаме на листа на чекање 40 деца, а градинката е со капацитет од 70 деца. Општина Петровец обезбедува простор за упис на сите деца од општина Петровец во моментов што се на листа на чекање“, рече Митевски.
Митевски објасни дека со изградба на патишта, пешачки патеки, атмосферска канализација и улично осветлување во Огњанци и Ржаничино, општина Петровец значително ја унапредува инфраструктурата, што придонесува за раст на населението, со 900 нови жители од последниот попис.
,,Во моментов имаме преку Министерството за транспорт и врски. Правиме пат за Огњанци во должина од 800 метри со пешачка патека со атмосферска канализација. Од истото министерство, правиме три улици во вкупна должина од 600 метри во новата населба во блок 6 во Ржаничино со пешачки патеки о улично осветлување, значи осветлување на улици, со атмосферска мрежа поставување во таа населба. Со самото тоа општина Петровец не случајно е од минатиот попис до сега имаме 900 жители повеќе“, заклучи Митевски.