Во СДС изгледа не читаат што им пишуваат само праќаат, кажуваат дека во 2022 поскапувањата биле поголеми и изнесувале високи 16%.
Но тоа до некаде е добро, така барем, несвесно, ја соопштуваат вистината.
Тоа што и СДС го знаат е дека граѓаните сега подобро живеат, дека инфлацијата во јули била на ниво од 2,3%, дека куповната моќ на македонските граѓани е највисока од сите земји во регионот и од неколку европски држави.
По пустошот кој го остави предавничката СДС, во последните две години економијата се стабилизираше и седум квартали по ред бележи раст од 3 или над 3%.
Платите во сите сектори растат и согласно закон и колективните договори ќе продолжи трендот на нивното зголемување.
Ова се параметри кои ја покажуваат реалната економска состојба во државата.
Со СДС на власт граѓаните осиромашуваа со двоцифрени нивоа на инфлација која рушеше европски рекорди, а со ВМРО-ДПМНЕ на власт, со 2,3 % на годишно ниво Македонија е на второ место со најниска инфлација во регионот.








