Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани.
Пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако претходно како министер за здравство премолче 400 извештаи за загадена вода и не мрдна со прст.
Посочи дека и за ова е криво ВМРО-ДПМНЕ, зошто сигурни сме дека ако беше на власт СДС од селската чешма во Кривогаштани ќе течеше млеко.
Но она што е симптоматично и дискутабилно е, впрочем, улогата на СДС во ширењето на дезинформации и паники, и нивното занимавање со хибридни напади.
Лани ова време редовно беа запалени депониите Вардариште и Дрисла. Оваа година нема пожари, затоа што нема локални избори.
Пироманите од СДС се фатија со друга задача.
Оваа година талогот од СДС се зафати со ширење на нова хистерија – загадена вода на селска чешма во Кривогаштани, откако претходно ширеа хистерија за водата во Скопје и Гостивар.
Додека Филипче се занимава со селската чешма во Кривогаштани, Македонија мора да оди напред и покрај незрелоста на СДС и Венко Филипче.








