16.08.2026

Талогот од СДС да се навикне на нормалното и редовно функционирање на институции, секој кој работи согласно закон и прописи нема од што да се плаши

Наместо да се буни, СДС треба да се навикне на функционирање на институциите.

Девастираните институции кои ги остави СДС по седумгодишната власт, полека се консолидираат и почнуваат да функционираат.

Ама тоа изгледа не им се допаѓа на талогот во СДС, затоа што тие се навикнати само да седат во фотелјите, да уживаат во бенефициите кои ги им ги нудат позициите, а неработењето или, пак, лошото работење никој да не им го провери.

Затоа што тие така се навикнати, државата и државните институции ги сметаат за свој пашалук.

Но, тоа време заврши.

Институциите постапуваат и мора да ги извршуваат работните активности за кои се плаќаат од парите на граѓаните.

Предавничката СДС и остатокот од нивниот талог не треба да се плаши од редовните контроли и инспекциски надзори, вклучително и на Државниот просветен инспекторат, ако работеле и работат согласно закон и прописи.

И освен што шират дезинформации и клеветнички лаги, какви докази даде СДС за тоа што го зборува?

Институциите мора да работат професионално и независно, без притисоци од партиски говорници.

За разлика од времето на власт на предавничката СДС која со разни програми го уништи образованието, ги понижи просветните работници и учениците со години ги остави без учебници, сега ситуацијата е поинаква.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, образованието е на врвот на приоритети, ги покачи платите и го врати достоинството и сигурноста на наставниците, учениците секој 1 септември ги имаат сите учебници на училишните клупи, образовната инфраструктура се подобрува и модернизира.