Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се.
Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс.
Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на комисијата, а советот нема гласано.
Дополнително, комисијата се нема изјаснето позитивно за дел од лицата на кои им давате Феникс, а се има изјаснето за други на кои вие немате дадено таква награда.
Доколку ги почитувавте лицата кои ги споменувавте, немаше да брзате да доделувате награди без запазена процедура и одлука на советот како што се прави секоја година. Ама очигледно ПР – от на Бетон Герасимовски бил поважен од “почитта” кон дотичните лица.
Врз основа на кое овластување се доделени награди на лица кои не биле избрани од комисијата, а се изоставени оние што биле избрани?
Објавете го записникот од комисијата, конечната листа на наградени и одлуката на Советот, доколку е донесена.
Не ја префрлајте одговорноста врз наградените. Прашањето е кој, како и врз која правна основа ја изменил волјата на комисијата!
Линк од фб објава:






