06.11.2026

Хасан: Бетон Герасимовски ја користи наградата Феникс за личен ПР и ја злоупотребува како да е лично негова

Почитувани,

Бетон Герасимовски се расфрла со општински награди како да се лично негови, и ги користи за личен ПР и промоција.

При недостаток на реални проекти, некомпетентност и мрзеливост, Герасимовски и СДС немаат со што да се пофалат, па почнаа да делат награди.

Не само што ги делат наградите од ракав, туку и изборот на добитници на наградата „Феникс“ е променет. Меѓу наградените има лица кои не биле избрани од комисијата која одлучувала, додека пак оние кои имале поддршката, не ја добиле наградата.

Дополнително, одлуката за доделување награди, мора да помине и низ Советот на Општина Центар. Тоа не се случи.

Уште поголем апсурд е што, градоначалникот Герасимовски или флагрантно лаже или неуспешно се обидува да манипулира со центарци.

На овие фотографии, јасно се гледа дека тој ја изменил својата објава, односно од наградите „Феникс“, тие станаа „Јубилејни награди – 50 години Општина Центар“.

Почитувани,

На самоволието и расипништвото на Бетон Герасимовски и СДС мора да му се стави крај.

Тој мора веднаш да одговори, дали знае врз кои критериуми доделува награди?

Во најскоро време да го објави записникот од комисијата која одлучувала.

Кои беа кандидати и врз кој основ биле прифатени, односно одбиени?

И за крај, да одговори уште колку „награди“ и други ПР подвизи ќе спроведе со парите на центарци, пред да замине во трајна политичка пензија.