06.11.2026

СДС упорно со лаги шири хистерија за да предизвика штета на државата и граѓаните, сега преку мали Фрчко кој исто треба кривично да одговара по член 315 од КЗ

СДС упорно сака да направи паралела на состојбите во соседна Србија и Македонија.

Зборуваат за падот на нивниот прв другар Вучиќ, а забораваат дека падот и промените кои сега се во Европа и соседството прво почнаа кај нас, со падот на Зоран Заев и потоа со заминувањето на СДС од власт.

А најмалку е соодветно СДС и неговиот партиски врв наместен лично од Заев, како Венко Филипче и мали Фрчко, кои продукт на криминалното владеење и остатоци од најгустиот дел од талогот на СДС.

Сега да се вратиме на прес-конференцијата на мали Фрчко, син на идеологот на СДС Љубомир Фрчкоски, кои цел живот се во државниот систем и земаат плата од даноците на граѓаните.

Сега прават се токму на тие граѓани, од кои земаат плата, да им наштетат со случајот Алта банка.

Државата ги презема сите мерки за да ги заштити интересите, заштедите и парите на граѓаните, а СДС прави се да предизвика паника и страв дека нивните пари се загрозени.

Затоа и по цели денови СДС и претставници на партијата преку прес-конференции, изјави, соопштенија, јавни настапи свесно и со умисла креираат хистерија да предизвикаат штета на државата и кај граѓаните, штедачите, инвеститорите и доверителите чувство на несигурност.

И за ваквото однесување согласно член 315 од Кривичен законик, треба да одговара и Јон Фрчкоски, кој е последен во низата што се јави од партиската говорница.

Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира и да ги истражи овие основни сомненија за делото саботажа.