Пет дена СДС и Венко Филипче слават и се радуваат на победата на Маѓар во Унгарија.
Гледајќи ја еуфоријата која владее на Бихаќка, човек би помислил дека СДС победиле и Филипче само што не станал премиер.
До тоа дереџе стигнале СДС и Филипче, наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта во Македонија, тие се занимаваат со избори во друга држава.
Радувањето на СДС и Филипче за изборните резултати во пријателска Унгарија е неразбирливо, од причина што сепак победник е партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак нивната сестринска партија освои околу 1% од гласовите и остана надвор од Парламентот.
До толку да беа ангажирани и да ги анализираа изборните резултати кај нас на кои станаа трета партија во државата, можеби до сега ќе ја консолидираа СДС која со секоја следна анкета има се послаб рејтинг.
Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДС и Филипче гледаме само ширење на лаги, демагогии и празни флоскули на кои никој не им верува, што резултира со доверба од граѓаните на праг од статистичка грешка.
Наместо фокусот на изборите во Унгарија, СДС и Филипче енергијата треба да ја насочат во сопствените редови во партија. Треба да се запрашаат зошто сите поранешни функционери бегаат од нив, додека пак актуелни се дистанцираат и водат различна политика од лојалистите на Зоран Заев, кој ги предводи токму Венко Филипче.
Друго за што Филипче треба да се запраша и на што треба да ја насочи енергијата, барем сега кога поради кризата не може да оди во Дубаи, зошто само 60-тина проценти од делегатите му дојдоа на партискиот конгрес?
Кога веќе СДС и Филипче повеќе се занимаваат со унгарските избори, отколку со консолидирање на партијата, ги прашуваме дали репер за нив е нивната сестринска партија која освои само еден процент од гласовите и дали целта им е да стигнат до тоа ниво на гласови?
Затоа што со овие антидржавни политики, кои се синоним за политиките на Заев, СДС под водство на Филипче, несомнено ќе стане маргинална партија.








