16.04.2026

За СДС, ВМРО не било држава, било банда, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански не заслужуваат вакви погрдни зборови

Не не чуди дното во кое СДС тоне, а доказ за тоа е денешната навреда во нивното соопштение во кое се вели дека „ВМРО не е држава, ВМРО е само банда’’.
Чат ЏПТ соопштението кое го пратија денеска СДС, покажува дека се во тотален аут, немаат програма, немаат визија, немаат идеја, туку само навреди кон македонскиот народ, јазик, историја и култура.
Би сакале да ги потсетиме СДС, дека ВМРО е историја, единствена организација која се борела десетици години, Македонија да биде независна и суверена држава.
Единствен продолжеток на таа организација е ВМРО-ДПМНЕ која и ден денес се бори за македонската култура, македонскиот јазик и македонската историја, која што предавниците од СДС, како Заев, Ковачевски и Филипче, ја продаваа за големи пари, па сега градат облакодери, плантажи во Африка, бизниси со марихуана, акции во индиски авиокомпании, земјишта со фотоволтаици и што ли уште не.
За крај, пред да пратите вакво или слично соопштение, раскажете ја историјата на Македонија на вашите ПР шефови, да не се брукате во иднина.