15.04.2026

СДС да престанат да ја срамат државата, дипломатијата е сериозен дел од политиката, а не егзибиции на неакредитираниот амбасадор Жерновски

На денешната прес-конференција на СДС, неакредитираниот амбасадор и неуспешен дипломат, Андреј Жерновски истакна дека цитираме: „Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор’’, со што директно кажува лага, како прво, и како второ, Германија не потврди, туку ова е искажан став на новинар во свој новинарски текст на германски портал.

Сфаќаме дека СДС ги користи сите лоши механизми да ја врати дипломатската политика на коленичење и виткање на кичма кои тие ја промовираа 7 години, но за нивна жал, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ќе водат достоинствена, горда и исправена политика.

Во однос на искажаните лаги со кои се обидуваат да наштетат преку црна кампања во јавноста, бараме јавно извинување од страна на СДС и Жерновски, како и очајниот обид да се вмеша една од земјите членки на ЕУ и НАТО, во случајот Германија, во нивната дневно политичка пропаганда.