18.08.2026

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОПШТИНСКИТЕ КОМИТЕТИ НА УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ:

Македонски Брод, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Студеничани, Центар, Карпош, Сарај, Чаир, Бутел, Чучер Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Куманово, Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновце, Зелениково, Петровец, Илинден, Чешиново – Облешево, Штип, Карбинци, Свети Николе, Лозово, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Велес, Градско, Чашка, Радовиш, Конче, Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кривогаштани, Могила, Новаци, Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Демир Хисар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше, Дебар, Гостивар, Тетово, Теарце, Брвеница, Јегуновце, Боговиње.

Врз основа на член 28 став 1 алинеа 5 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 6 од Деловникот за работа на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Јавен повик за кандидирање за претседатели на Општинските комитети на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите е потребно да достават биографија (CV), мотивационо писмо и план за работа на Општинскиот комитет за кој што аплицираат во кое ќе ги образложат мотивите за кандидирање. Кандидатите е потребно да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 31.08.2026 година (понеделеник), преку електронска пошта на [email protected] со назнака „Кандидатура за претседател на Општински комитет Х“.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

Секој од апликантите ќе биде контактиран од страна на партијата.