18.08.2026

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА РЕПУБЛИЧКИТЕ КОМИСИИ НА УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО ДПМНЕ

Врз основа на член 70 став 2 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 80 став 1 алинеја 6 од деловникот за организациона посветеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Јавен Повик за кандидирање за Претседатели на Републичките комисии на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– Комисија за правни работи, јавни политики и локална самоуправа

– Комисија за образование и наука

– Комисија за економија

– Комисија за земјоделие

– Комисија за животна средина и одржлив развој

– Комисија за култура

– Комисија за спорт

– Комисија за односи со јавност и дигитална трансформација

– Клуб на оратори

– Комисија за здравство и социјална политика

Кандидатите за претседатели на Републичките комисии на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да достават биографија (CV), мотивационо писмо и план за работа на комисијата во кое ќе ги образложат мотивите за кандидатурата. Кандидатите за претседатели на комисиите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 31.08.2026 година (понеделник) преку електронска пошта на [email protected] со назнака “Кандидатура за претседател на Комисија за X или Клуб X”.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувари на подготвените своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел да се заштитат на кандидатите кои нема да бидат избрани.

Секој од апликантите ќе биде контактиран од страна на партијата.

Со почит,

ВМРО-ДПМНЕ.