18.01.2025

СДС зборува за “нова енергија и визија”, а на нивните слики се гледа очај, умор и депресија, граѓаните ги испратија во политички заборав

СДС зборува за “нова енергија и визија”?

Единствената енергија што ја гледаме на сликите е умор, депресија и очај. Ако лицата на овие луѓе се одраз на вашата “визија,” тогаш Македонија може само да очекува уште подлабоко тонење.

Велите дека ќе го “слушнете гласот на граѓаните”?

Граѓаните веќе зборуваа – ве испратија во политички заборав со катастрофален пораз. Но, вие изгледа уште не сте го слушнале. Или можеби не сакате да го слушнете, бидејќи е полесно да живеете во илузии.

Партија која го уништи здравството, образованието, економијата, судството – сега зборува за “нова енергија.”

Да, енергијата на корупцијата, криминалот и неспособноста, која веќе е препознатлива марка на СДС. Народот ве знае, а најдобар доказ за вашата “нова енергија” е фактот што дури и вашите членови изгледаат како да не можат да поднесат уште едно ваше празно ветување.