19.01.2025

Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби

Антидржавните партии СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште. Манипулативните техники на СДС не поминуваат кај граѓаните и затоа рејтингот им е во колапс.

СДС и ДУИ се нервозни, исплашени и во паника и затоа со сите сили се борат да го заштитат криминалот на Груби и ДУИ.

Затоа што за криминалот и корупцијата на Груби и ДУИ знаеја и беа директни соучесници, и тоа само поради една причина, бидејќи врвен приоритет им беше останувањето на власт.

Поради лични и лукративни причини Филипче не се отргнува од Заев и неговите деструктивните политики и не се извинува за криминалот на Артан Груби.

СДС и Филипче наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија, нудат дефокус, политиканство и циркуз.

СДС и Филипче се елементарна непогода на политичката сцена.

Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби.

Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ, нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција.