18.01.2025

Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп, нови проекти во Македонија со поддршка на ЕИБ, реформи во гимназиското образование

Премиерот Мицкоски замина за САД, ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, ќе одржи и средби со новата администрација и бизнисмени за зајакнување на економската соработка и инвестиции.

Владата со ЕИБ ќе инвестира 76 милиони денари за замена на азбест-цементната водоводна мрежа во Струга, за подобрување на водоснабдувањето и намалување на загубите на вода.

Министерот Трипуновски присуствува на 17-та Конференција на министрите за земјоделство во Берлин која што се одржува во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство.

МОН се усогласува со меѓународни образовни стандарди – изработена нацрт Концепција за реформи во гимназиско образование и повик за јавна дискусија.

Македонија се трансформира!

ЛИНК ОД ФЕЈСБУК ОБЈАВА:

https://www.facebook.com/share/v/1J11n4Jorn/