09.07.2025

Апел до Бисера да не се самоповредува, Извештајот на УНЕСКО се однесува на периодот од 2017-2024 година кога СДС беше власт, а Бисера министерка

Со внимание ја проследивме прес-конференцијата на Бисера Костадиновска Стојчевска и можеме да испратиме апел да не се самоповредува до ова високо ниво.

Затоа што, и таа, и цела Македонија, знае дека забелешките на УНЕСКО се во Извештајот кој се однесува на периодот од 2017 година до 2024 година.

Практично, ова е целиот период на владеење на СДС, во кој период министер за култура беше и токму Бисера Костадиновска Стојчевска.