09.07.2025

Петрушевски: СДС ликува на пожарите, некој постојано разгорува, а тие шират политички хаос

Почитувани,

СДС ликува на пожарите, некој постојано разгорува, а тие шират политички хаос.

СДС не пропушта да се радува на пожарите кои горат низ државата, да се сити низ соопштенија, и преку структури блиски до нив.

И додека СДС и нивните апологети само чекаат момент да напаѓаат и да злоупотребуваат и природна катастрофа во политички цели, некој ги разгорува пожарите.

Вчера информиравме дека на местото на пожарот кој гори во атарот на Чучер Сандево се пронајдени палети потопени во бензин, постои сомнеж дека слични подметнувања со цел разгорување се направени и на други места ширум државата.

Фрапантно е како некој може да помисли да прави штета на природата и шумскиот фонд, а со тоа и директно да загрози човечки животи. Исто толку фрапантно е како СДС сето тоа не пропушта да го искористи за политичка кампања.

До каде оди лудилото на СДС?