05.07.2025

Симеонов: За само една година направивме важни чекори кон подобар здравствен систем

Почитувани сограѓани на општина Сопиште,

Доаѓа времето на Македонија. Ги градиме темелите на промените.

Како што ви е познато во историјата ВМРО од секогаш биле градители, револуционери, дејци борци.

Тој пат го продолжуваме и денес.

Се бориме на меѓународен план за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Ја градиме инфраструктурата. Испорачавме за една година инфраструктура во патишта, која што никогаш не била изградена од самото осамостојување на Македонија. Одиме напред во економијата, во финансиите, во локалната самоуправа, во образованието.

За прв пат после седум години, минатата учебна година 2024/2025 обезбедени се и испорачани учебници за секој ученик и по секој предмет.

Во здравството, како што ветивме, укинати се неефикасните економски директори. Во процес е вработување на 600 млади доктори специјализанти. Има нови 9 генерички лекови на позитивната листа. Зголемен е капитациониот бод на матичните доктори гинеколози и стоматолози.

Почитувани граѓани,

Вие ќе бидете сведоци на најдоброто што допрва следи.