05.07.2025

Пецаков: Во првата година од новата Влада покажавме во каква Македонија сакаме да живееме, со многу проекти во интерес за граѓаните

Почитувани,

Доаѓа времето за Македонија. Една година од поставувањето на новите мери во Македонија. Една година од поставувањето темели во повеќе сфери од општественото живеење. Една година поставување теммели во инфраструктурата и реализирање на повеќе инфраструктурни проекти кои што во минатото беа отпочнати, но и отпочнување на нови проекти коишто се од суштинско значење на граѓаните.

Во спортот се отпочнати блокирани проекти како што се 5-те базени, повеќе мултифункционални игралишта и спортски сали низ Македонија. Кај пензионерите веќе ветените 5 илјади денари пристигнаа на сметките и тоа беше едно најголемите ветувања на нас како нова Влада во Република Македонија. Секако дека тука се и интервенциите во земјоделието со исплатени преку 9 милијарди денари заостанати субвенции од 2020-2021 година. Зголемување на субвенциите за раноградинарските култури, тутунот и сето она кое што е битно за подобрување на условите во земјоделието.

Оваа прва година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ претставува показател за тоа каква држава Македонија заслужува да биде и за каква држава ќе работиме во иднина и понатаму.