05.07.2025

Андоновска: Пустошот кој го наследивме, нѐ охрабри уште повеќе да работиме за да ги изградиме промените

Почитувани,

Во изминатава година дена премиерот, Владата и сите оние кои што ги водат институциите, се соочија со низа предизвици. На сите ни е доволно јасно, во каква состојба ги наследивме институциите и што затекнавме. Она што можам да го кажам е дека истото не не поколеба, туку напротив претставуваше мотив да продолжиме уште посилно и обединето заедно со граѓаните, да изградиме едни темели за една држава, подобра, подостоинствена, за сите оние коишто живеат во неа.

Како што споменав, што е најважно, во овој период се стави крај на корупцијата, на криминалот, на расипничкото однесување и на безредието што постоеше.

И покрај нередот што го затекнавме и многу неправилности во работењето успеавме да поправиме многу работи и воедно да направиме многу многу проекти.

Јас ќе споменам само дел од нив, а тоа е покачувањето на пензиите на пензионерите, покачувањето на платите на вработените во полицијата, на вработените во образованието, на вработените во здравството.

Зголемување на капитациониот бод за матичните лекари, за стоматолозите. 250 милиони евра за евтини кредити за стопанствениците, достапност на дигитални документи, извадени по електронски пат во повеќе од 120 институции во државата итн.

Денеска сме тука заедно со градоначалникот на Аеродром, во Мичурин, на средба со граѓаните. Овие средби ќе продолжат во сите делови, во сите маала на територија на Република Македонија.

Како што споменав, да бидеме поблиску до сограѓаните, во една партнерска атмосфера, сите заедно, да ја донесеме Македонија на вистинскиот пат каде што ќе можат да се градат вистински вредности за подобра иднина.

Во однос на нашите проекти, како што спомена и Марија, благодарение на поддршката од Владата на Република Македонија успеваме да реализираме огромен број на проекти во изминатиот период. Истото ќе го продолжиме и во наредниот период со поддршка од Владата на Република Македонија.

Како Општина се трудиме во соработка со граѓаните да ги утврдиме сите оние приоритети кои што им недостасуваат на граѓаните. И во еден партнерски однос изграден со граѓаните да реализираме што е можно поголем број на проекти.

Како градоначалник се трудам да бидам секогаш достапен на граѓаните и само на тој начин ќе успееме да овозможиме една партнерска соработка, со секој еден граѓанин на општина Аеродром.