Денес, како претседател на Комисијата за надворешна политика ги придружував колегите пратеници од Комисијата за надзор во посетата на Агенцијата за разузнавање (АР).
Од страна на АР ни беа презентирани безбедносните проценки за состојбата во Косово и во БиХ.
Главно прашање поставено од група пратеници беше кои биле сознанијата и превземените дејствија на АР во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот “Предатор” за следење на комуникации, за кои има индиции дека се производ на македонската фирма “Сајтрокс”, која од неодамна беше ставена на црната листа на САД, заради безбедносен ризик.
Следна тема на интерес беше дали АР имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција, надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија.
Добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно- разузнавачкиот сектор.
Линк од ФБ објава на Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: